Барселона и Еибар утре ќе се сретнат во рамките на 25 коло во Ла Лига. Три дена подоцна Барселона ќе гостува во Неапол во Лигата на шампионите. Поради тоа медиумите шпекулираат дека тренерот Кике Сетиен ќе одмори неколкумина фудбалери поради тој дуел нема да играат против Еибар.
Прашање е кого би носителите на играта на Барселона би можел да одмори тренерот. Новинарите дури шпекулираат дека еден од оние што би можеле да го пропуштат натпреварот е Лионел Меси. Со ова теза не се согласува тренерот на ЕибарХосе Мендилибар.
„Не мислам дека Меси утре ќе одмора. Тој гад се одмора во текот на натпреварот. Тој знае кога треба да учествува во играта, а кога да се одмори. Ако му дадете слободен ден тој гледајќи го натпреварот од трибините повеќе ќе се умори“, рекол Мендилибар, а потоа се присетил на еден момент од времето додека бил тренер на Осасуна.
„Игравме во Купот против Барселона на „Ноу Камп“. Тоа утро се појави информација дека Меси нема да игра поради стомачни проблеми. Попладнето ни кажаа дека ќе биде во тимот, но како резерва. Губевме 2:0 кога го видеов дека се загрева, влезе во игра ни даде два гола и ние бевме поразени со 4:0“.