Барселона синоќа ја декласира Севила (4:0) во рамките на осмото коло во Ла Лига. Суарез, Видал, Дембеле и Меси ги постигнаа головите за Барселона.
По завршувањето на натпреварот неколкумина од Севилја му го побарале дресот на Меси, но тој ги одбил.
Меси тргнал кон сонародникот од спротивниот табор Евер Банега и му предложил да ги сменат дресовите.
Еден од најдобрите играчи во историјата никогаш не бара дрес од противнички играч, исклучок прави само доколку на спротивната страна се наоѓа Аргентинец кој му е и соиграч во националниот тим.