Top Sport

Меси од Барса добил понуда за нов договор

Фудбалскиот клуб Барселона ќе му понуди нов договор на својот најдобар играч Лионел Меси. Актуелниот договор што го има Меси со Барселона истекува наредното лето, а според шпанските медиуми клубот има план да го задржи до крајот на неговата кариера.

На 33 годишниот Меси клубот му понудил договор до 2023 година, со клаузула дека истиот може да биде раскинат една година порано, односно во 2022 година.

Шпанците пишуваа дека се чека таткото на Меси, кој се наоѓа во Аргентина, за да бидат заклучени сите детали од договорот.

Меси е најплатениот светски фудбалер. Неофицијално годишно заработува 70 милиони евра.

Scroll to Top