Top Sport

Меси останува во Барса за помала плата

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси останува на „Ноу Камп“, јавуваат шпанските медиуми.

Наводно, Аргентинецот договорил едногодишна соработка со намалена плата, помала од актуелната од 50 милиони евра по сезона.

Информациите се дека договорот на Меси ќе биде 1+1 година.

Најпрво Меси ќе потпише верност до 2022 година, а потоа договорот би се продолжил до 2023 година.

Останува, најверојатно, само официјализирање, а тоа би требало да се случи штом Лео ќе се врати од настапот на Копа Америка.

Меси во Барселона е од 2000 година, до сега има 778 одиграни натпревари, постигна 672 гола со 305 асистенции и освои многу трофеи.

Scroll to Top