Top Sport

Меси побарал Барселона да го донесе Погба

Играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, веќе неколку месеци се поврзува со можен трансфер во Барселона. „Дејли мејл“, во денешното издани тврди дека Погба во јануари ќе се пресели на „Ноу Камп“.

Според истиот извор, најдобриот играч на Барселона Лионел Меси побарал од клупските челници да го донесат Погба.

Наводно, покрај Меси, за трансферот биле и тренерот Ернесто Валверде, командантот на одбраната Џерар Пике и репрезентативните колеги на Погба, Самуел Умтити и Усман Дембеле.

Од друга страна луѓето од скаутинг службата на Барселона, сметале дека на тимот му е потребен играч што игра со помалку ризик и кој има повеќе чувство за позиционирање, а не Пол Погба.

Прашање кое исто така се наметнува е дали Барселона може д ги исполни финансиските барања на Манчестер јунајтед и самиот фудбалер. „Црвените ѓаволи“ за Погба платија 100 милиони евра, и сигурно е дека ќе бараат повеќе пари доколку му дозволат да замине.

Scroll to Top