Поранешниот голман на Бока јуниорс, Хуго Гати вели дека неговиот сонародник Лионел Меси мора да замине од Барселоан во лутите ривали Реал Мадрид а да покаже дека е најдобриот на светот пред Кристијано Роналдо и рамо-до-рамо со имиња како Диего Марадона, Пеле и Јохан Кројф.
Гати смета дека Меси, кој цела професионална кариера ја мина во каталонскиот клуб, покрај тоа што успесите ги направил со еден клуб, не може да се пофали со интернационален успех, со најголемо достигнување финалето од СП во 2014 година, кога загубија од Германија.
„Знам дека некому ќе изгледа дека сум анти-Аргентинец, но додека Меси не се покаже на голема сцена, тој ќе остане фудбалер за домашни натпревари. Мора да има ’јајца’ и да отиде во Реал Мадрид да покаже дека е подобар од Кристијано, инаку ќе биде само уште еден фудбалер. Меси игра дома, на терен каде што има сѐ наместено. Нека оствари успех во Лигата на шампионите и на Светското првенство, во спротивност нема да може да се мери со Кројф, Марадона и Пеле“, вели Гати.