Top Sport

Меси шеташе по теренот и го растури Реал

Лионел Меси ја режира големата победа на Барселона над Реал во Мадрид 3:0, во последното Ел Класико, а според статистиката тој не го ниту испотил дресот.

Анализата на шпанските медиуми покажува дека тој на „Сантијаго Бернабеу“ 83,1 отсто од натпреварот буквално шетал по теренот, а трчкал по теренот 10,8 отсто.

Меси само 4,85 отсто од натпреварот трчал во побрз ритам, а во максимална брзина која изнесувала 33,5 километри на час бил само 1,15 отсто од мечот.

Меѓутоа и во таков лесен ритам тој постигна гол и забележа една аситенција, во веројатно најзначајниот натпревар за Барселона во борба за шампионската титула.

Покрај Меси стрелци за Барселона во Мадрид беа Лусис Суарез и Алеш Видал. По 17 натпревари во првенството Барселона има 17 бода повеќе од Реал.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');