Top Sport

Меси со два удари го „уби“ Еспањол и го реши градското дерби (видео)

Барселона попладнево на „Камп Ноу“ без никакви проблеми го совлада градскиот ривал Еспањол со 2-0. Творец на победата повторно беше кој друг ако не Лео Меси.

Аргентинецот во 71. Минута одлично биеше од слободен удар, а топката откако удри во главата на Санчез заврши во мрежата на Еспањол за водство од 1-0.

Барса цел меч ја имаше доминацијата и контролата на мечот, а Меси со вториот погодок на асистенција на Малком ги постави конечните 2-0.

Во следното коло Барселона му гостува на Виљареал. Моментно Каталонците имаат 69 бода, 13 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и 15 повеќе од Реал Мадрид, кои имаат натпревар помалку.

Scroll to Top