Top Sport

Меси со порака до Барса: „Грабнете“ го Салах!

Откако Антоан Гризман на драматичен начин откри дека останува во Атлетико Мадрид, Лионел Меси им пратил порака на своите шефови во Барселона дека следна мета на каталонскиот гигант треба да е египетскиот гол-мајстор, Мохамед Салах од Ливерпул.

Барселона подолго време се обидуваше да го донесе Гризман на „Ноу Камп“, но францускиот напаѓач преку посебно видео откри дека останува во Атлетико, а минатите денови се појавија шпекулации дека Нејмар, по само една сезона во Пари Сен-Жермен е понуден назад на клубот од Каталонија.

Според „Сан“, Меси сега сака Барса целиот фокус да го насочи кон Салах, кој имаше фантастична сезона со Ливерпул во која постигна 44 гола. 26-годишниот Египќанец кој го пропушти првиот натпревар на својата репрезентација на Мундијалот во Русија поради повредата на рамото, дојде на „Енфилд“ минатото лето за 34.3 милиони фунти, но сега неговата цена сигурно е над 100 милиони фунти.

Во Ливерпул се надеваат дека до крајот на летото ќе му дадат нов договор со кој би заработувал 185.000 фунти неделно.

Scroll to Top