Top Sport

Меси со рекорден гол за ПСЖ во Израел, само четири гола на седум меча на полувреме

Лео Меси успеа да израмни за Пари Сен-Жермен на гостувањето кај Макаби Хаифа, за еден од само четирите гола кои „паднаа“ во првото полувреме од седумте меча од Лигата на шампионите.

Ова е 18-та сезона во низа во која Меси постигнува гол во Лигата на шампионите, и неверојатен 39-ти различен противник против кого „удира“ во европското елитно натпреварување. Чарон Чери успеа да ги донесе Израелците до неверојатно водство во 27. минута, пред Меси  да израмни

Голови имаше само уште во Торино, каде што Јувентус поведе по само 4. минути со голот на Аркадијуш Милик, за Бенфика да израмни во 44. минута со гол од пенал на Жоао Марио.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Глазгов Ренџерс – Наполи 0:0
ГРУПА Б
Челси – Ред бул Салцбург 0:0
ГРУПА Ф
Реал Мадрид – РБ Лајпциг 0:0
ГРУПА Г
Копенхаген – Севилја 0:0
Манчестер сити – Борусија Дортмунд 0:0
ГРУПА Х
Јувентус – Бенфика 1:1
Макаби Хаифа – Пари Сен-Жермен 1:1

Scroll to Top