Top Sport

Меси „тероризира“ и на тренинг (видео)

Аргентинецот Лионел Меси е еден од оние фудбалери кои максимално сериозно си ја разбрале работата, па на секој меч приоѓа максимално сериозно. Исто е и на тренинзите.

Се појави снимка како 33-годишниот Аргентинец ги „тероризира“ своите соиграчи на тренинг. За кратко време даде 4 гола, а посебно е импресивен начинот на кој тој ги постигнува головите.

Чудесниот Аргентинец неодамна ја освои шестата рекордна Златна топка и му исбега на првиот следбеник, Кристијано Роналдо.

Барселона вечерва во рамки на 6 коло на ЛШ гостува во Милано, кај Интер, но без Меси затоа што каталонскиот клуб го осигура првото место во групата Ф.

Scroll to Top