Лионел Меси, слично како и неговиот опонент од Јувентус Кристијано Роналдо, реши да влезе во модната индустрија.
Кристијано Роналдо со години е „фабрика за правење пари“. Поседува хотели, ресторани и вложува во сопствениот бренд.
Сега сопствен бренд за облека покренал и Лионел Меси. Брендот има едноставно име „Меси“.
Напаѓачот на Барселона бил присутен на вечерата на која бил промовиран неговиот бренд кој го финансира, креира и дизајнира комплетното негово семејство.
Со него на проектот работела неговата сестра Мариа Сол, а во проектот бил присутен и неговиот брат Родриго.
Првиот бутик „Меси“, за машка облека бил отворен во Барселона.