Лионел Меси ја предводи 30-члената аргентинска репрезентација за мечевите од квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година следниот месец против Еквадор и Боливија.
Квалификациите во Јужна Америка требаше да почнат во март, но поради корона вирусот се одложени за октомври, и сега Лионел Скалони се подготвува за првите мечеви на Аргентина од ноември – мечот со Еквадор на 8 октомври во Буенос Аирес и дуелот на гости со Боливија пет дена подоцна.
На капитенот Меси му се приклучуваат и Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез, додека прв повик добиваат Факундо Медина и Нехуен Перез, а се очекува голманот Емилијано Мартинез да дебитира на голот откако го комплетираше трансферот во Астон вила.
АРГЕНТИНА, РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Голмани: Агустин Маркезин (Порто), Емилијано Мартинез (Астон Вила), Хуан Мусо (Удинезе)
Одбрана: Маркос Акуња (Севилја), Леонардо Балерди (Марсеј), Хуан Фојт (Тотенхем), Валтер Канеман (Гремио), Факундо Медина (Ленс), Николас Отаменди (Манчестер сити), Неухен Перез (Атлетико Мадрид), Херман Пецелја (Фиорентина), Ренцо Саравија (Интернасионал), Николас Таљафико (Ајакс).
Среден ред: Хоакин Кореа (Лацио), Родриго де Паул (Удинезе), Николас Домингез (Штутгарт), Алехандро Гомез (Аталанта), Џовани ло Селсо (Тотенхем), Алексис Мекалистер (Брајтон), Лукас Окампос (Севилја), Езекиел Паласиос (Баер Леверкузен), Леандро Паредес (ПСЖ), Гвидо Родригез (Бетис).
Напад: Лукас Аларио (Баер Леверкузен), Пауло Дибала (Јувентус), Лаутаро Мартинез (Интер), Лионел Меси (Барселона), Кристијан Павон (ЛА галакси), Џовани Симеоне (Каљари).