Top Sport

Меси: Во Барса одамна нема проект, туку само пополнување дупки

Лионел Меси посочува дека веќе не ја делел визијата со Барселона и дека желбата за заминување била најмногу поради фудбалски причини.

„Сакав победнички проект и да освојувам титули со клубот и да ја зголемувам легендата за Барселона. Но, вистината е дека тука немаше проект ниту визија подолго време, само се жонглира и се пополнуваат дупки за да се помине сезоната. И претходно кажав дека не ни се дава поддршка да ја освоиме Лигата на шампионите. Сега не знам што ќе се случи – има нов тренер и нови идеи. Тоа е добро, но ќе видиме како ќе реагира клубот и дали ќе ни даде шанса да се натпреваруваме на високо ниво. Останувам да го дадам максимумот за Барселона, како и секогаш. Можев да заработувам многу повеќе пари на друго место, но секогаш велев дека ова е мојот дом и дека го чувствувам така. Да се одлучи да се игра на друго место беше тешко. Но, промената беше потребна“, вели бруталната оценка на Меси за каталонскиот клуб.

Тој ги отфрли шпекулациите дека ќе ја бојкотира преостаната сезона со Барса и вети дека ќе го даде максимумот.

„Како и секогаш, ќе се трудам, ќе го дадам моето најдобро за да се борам за целите и ќе го посветам тоа на луѓето кои имаа лоши времиња. И јас имав лошо време оваа сезона, но би бил лицемер да се споредувам со луѓето кои навистина имаа лошо време со корона вирусот и кои загубија најблиски. Се надевам дека победите ќе можам да ги посветам на тие кои не поддржуваат и нивните семејства, за да го надминеме вирусот и да се вратиме во нормалност“, додава Меси.

Scroll to Top