Top Sport

Меси во кариерата не победил само две екипи

Лионел Меси пред една година стана фудбалерот со најмногу извојувани победи во дресот на Барселона. Тогаш со хет-трикот против Бетис (4:1) стигна до својата 477 победа во кариерата во дресот на каталонскиот клуб.

Еден од најдобрите на сите времиња во кариерата нема забележано победи против само два тима. На 17 годишна возраст, во својот трет професионален меч за Барселона, бил дел од тимот кој сензационално испадна од Купот на Кралот против тогаш третолигашот Граменте.

Вториот тим е Наполи. Барселона играше со Наполи една недела пред да биде прекината сезоната поради коронавирусот. Првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите во Неапол заврши 1:1. Оваа статистика ќе може да ја поправи доколку сезоната продолжи и биде одигран реваншот.

Исто така Граменте и Наполи се едни од ретките тимови против кои Меси не успеал да постигне гол. На оваа листа се наоѓаат уште три шпански екипи: Кадиз (играл против нив еднаш во 2006 година), Мурсија ( во 2008) и Херез (играл два пати против нив).

Покрај наведените тимови Меси не успеал да постигне гол ниту против Ал Сад во полу-финалето на Светското клупско првенство во 2010 година, Рубин Казањ во двата натпревари во четврт-финалето во Лигата на шампионите и во четирите натпревари против Интер.

Меси во кариерата за Барселона има постигнато 627 гола.

Scroll to Top