Top Sport

Меси заврши со ПСЖ, но не е блиску до враќање во Каталонија

Лионел Меси не е блиску до враќање во Барселона и покрај вестите дека дефинитивно завршил со Пари Сен-Жермен, со далеку попривлечни понуди од Саудиска Арабија, од американската МЛС лига, но и од Премиерлигата, тврди порталот „Гол“.

Финансиските ограничувања во Барселона, но и интересот од други клубови се главна пречка за враќање од соништата во Каталонија. Иако тренерот Чави Ернандез бара неговиот пријател да се врати, а сите играчи би биле пресреќни ако тоа ќе се случи, Меси нема конкретна понуда од Барселона, така што враќањето е екстремно компликувано.

Меси исто така има астрономска понуда од саудискиот Ал-Хилал, каде што би го обновил ривалството со Кристијано Роналдо, додека Америка секогаш била привлечна за Аргентинецот со интересот на Интер Мајами. Токму затоа се предвидува интензивна глобална битка за неговиот потпис, иако има 35 години.

Меси во моментов е суспендиран од Пари Сен-Жермен поради недозволеното патување во Саудиска Арабија и останува нејасно дали тој воопшто повторно ќе заигра за францускиот клуб до крајот на сезоната. Според новинарот Фабрицио Романо, Меси решил дека ќе замине од ПСЖ пред еден месец, разочаран од „проектот“ на „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top