Top Sport

Меси знае кој може да биде неговиот наследник

Лионел Меси на клупските челници им посочил на чии трансфер ќе треба да поработат наредните години.

„Мундо Депортиво“, објавија дека во разговор со претседателот Џорди Бартомеу, Аргетинецот го советувал да го донесе во тимот Килијан Мбапе. Меси сметал дека младата француска ѕвезда може да биде неговиот вистински наследник.

Проблем за Барселона може да претставува големиот интерес за Мбапе и неговата цена. Јасно е дека ПСЖ доколку се решат да го продадат својот напаѓач, дека тоа нема да биде за помала сума од 200 милиони евра.

Истиот извор тврди дека Барселона ќе се обиде да го донесе Мбапе дури за две години, кога Меси ќе има полни 34 години.

Scroll to Top