Top Sport

Мхитарјан ја одби понудата на Рома, сака во Интер

Хенрих Мхитарјан ја одбил последната понуда од Рома за продолжувње на договорот и е подготвен да се приклучи на Интер како слободен играч, јавува италијанскиот „Скај спортс“.

„Волчицата“ вчера му понуди подобрен договор на Ерменецот, со околу 4.2 милиони евра годишна плата, која е приближна на таа која би ја добивал и во Интер, но наводно му поставиле ултиматум од 24 часа да ја направи одлуката со предупредување дека се работи за „последна понуда“.

Според „Скај спортс“, „Ла газета дело спорт“ и „Ил темпо“, Мхитарјан ја одбил понудата и сака да премине во Интер, каде што ќе игра во Лигата на шампионите. 33-годишниот Мхитарјан дојде во Рома од Арсенал на позајмица, и оваа сезона беше еден од клучните играчи во тимот на Жозе Мурињо со 44 настапи и со титула од Конференциската лига на УЕФА.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');