Top Sport

Мхитарјан се сели во Русија?

Хенрих Мхитарјан е пред преселба во Динамо Москва, каде што ќе пристигне како слободен играч по крајот на договорот со Рома, тврдат руските медиуми.

33-годишиот Ерменец нема да добие понуда за продолжување на договорот со Рома, што значи дека веќе е слободен да преговара со други клубови, а според „БТ спорт“ за него се заинтересираи и други руски клубови.

Мхитарјан пристигна во Рома во летото 2019 година на позајмица од Манчестер јунајтед, пред една година подоцна да се приклучи постојано на тимот со слободен трансфер. Оваа сезона тон има 31 настап под Жозе Мурињо и 3 гола и 7 асистенции, останувајќи постојан првотимец под Португалецот, со кого немаше најдобри односи во Јунајтед.

Scroll to Top