Top Sport

Мхитарјан се враќа во тимот за Лига купот

Жозе Мурињо ќе го повика Хенрик Мхитарјан назад во составот на Манчестер јунајтед за четврт-финалето од Карабао купот против второлигашот Бристол сити во среда.

Околу иднината на ерменскиот репрезентативец се појавија многу шпекулации, откако тој не беше ниту на клупата во осум од последните девет натпревари на Јунајтед. Се верува дека тој може да замине од „Олд Трафорд“ во јануари, откако Интер појави заинтересираност, како и стариот тим на Ерменецот, Борусија Дортмунд.

Конкуренцијата во тимот на Јунајтед е жестока со Антони Марсијал, Маркус Рашфорд, Џеси Лингард, Хуан Мата, Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ во нападот.

„Мечот ќе го сфатиме сериозно, но ќе направам неколку промени и можно е Мики да биде во тимот. Во моментов играме со Мата, Лингард, Рашфорд или Марсијал и Лукаку, а на клупата е Ибра и еден од другите. Нема место за сите, бидејќи и на клупата мора да имаме баланс. Бристол се еден од најдобрите тимови во Чемпионшип последните 10 години. Голем број од нивните играчи можат лесно да играат во Премиер лигата“, вели Мурињо.

Scroll to Top