Top Sport

Мхитарјан: Во Рома се игра многу подобар фудбал отколку во Арсенал

Хенрик Мхитарјан признава дека фудбалот во Рома под Пауло Фонсека е многу подобар за уживање отколку во Арсенал под поранешниот тренер Унаи Емери.

31-годишниот Ерменец имаше само еден настап во Премиер лигата за „топчиите“ во 2019/20, пред да замине на позајмица во Италија во средината на септември. Оттогаш, пред прекинувањето на лигата, тој имаше 13 настапи за Рома и шест гола. Тој признава дека во Рим е „многу подобро“.

„Кога бев во Арсенал од мене тренерот бараше поинакви работи, а и навивачите го правеа истото. Филозофијата на Емери беше многу различна од таа на Фонсека, и тука се чувствувам многу подобро бидејќи играме подобар фудбал кој ми одговара. Играме напаѓачки, се обидуваме да ја имаме топката кај нас цело време и тоа е поубаво за мене и за гледачите“, вели Мхитарјан.

Scroll to Top