Американскиот дефанзивец Мет Миазга доби казна од неговиот клуб Витесе откако го грабна за пенисот неговиот противник во меч од холандската Ередивисие.
Миазга, кој игра во Витесе како позајмен играч од Челси, го направи потегот при 1:1 ремито на Витесе со Херенвен на 20 јануари во дуел со Дензел Дамфрис.
Витесе исто така го кази и словенечкиот соиграч на Миазга, Тим Матавж, кој го удри со лакт Дамфрис во истиот меч. Матавж ќе отслужи казна од четири меча од Холандската фудбалска асоцијација, додека двајцата играчи се казнети за „непристојно однесување“.
„Жалиме за сите незгодни случки од тој меч. Ги казнивме Тим и Мет веднаш по мечот, бидејќи тоа не е однесување кое го промовираме во клубот“, изјави техничкиот директор на Витесе, Марк ван Хинтум.
22-годишниот Миазга дојде во Челси од Њујорк булс во 2016 година и имаше два настапи во Премиер лигата пред да замине во Витесе, каде што е втора сезона во низа.