Top Sport

Мидо: Наскоро Мо Салах ќе го гледаме во дресот на Реал

Мохамед Салах мора да ужива во моментот. Салах го однесе Египет на Светското првенство во Русија, блеска во дресот на Ливерпул, а сега неговиот славен сонародник Мидо му предвидува иднина во дресот на Реал Мадрид.

25-годишниот Салах дојде во Ливерпул од Рома за 42 милиони евра и веднаш импресионираше. Иако игра на позиција на крило, тој има 14 гола во 18 натпревари, уште четири асистенции, и е првиот фудбалер на Ливерпул по Луис Суарез кој погодил повеќе од 14 гола во една сезона, достигнување кое го стигна за три месеци. Од 17-те гола на Ливерпул во Премиер лигата оваа сезона, Салах има постигнато девет!

Ова веднаш го предизвика легендарниот Мидо (со вистинско име Ахмед Хосам Хусеин Албделхамид), кој во кариерата играше за Рома и Тотенхем на Твитер да коментира дека со вакви игри тој нема да остане долго на Ливерпул.

„Честитки до Мо што стана најдобриот египетски стрелец во Европа и тоа на почетокот на сезоната. Се сеќавам кога навивачите на Ливерпул ми се смееја кога пред три години им велев дека Салах е 10 пати подобар од Стрелинг. Сега го знаат тоа. Салах е играч со врвен менталитет и верувам дека нема да го гледаме долго во Ливерпул. Реал Мадрид. Хала Мадрид“, напиша Мидо.

Scroll to Top