Top Sport

Мидо покажа како се симнуваат 50 килограми за една година! (видео)

Поранешниот напаѓач на Рома, Тотенхем и Ајакс, Египќанецот Ахмед Хосам Хусеин Абделхамид, или попознат како Мидо, очигледно решил веќе никогаш да нема вишок килограми, покажувајќи го својот тренинг режим во изолација.

37-годишниот Мидо по пензионирањето во 2013 година имаше драстично зголемување на тренинзите, пред за една година да „симне“ 50 килограми предводен од личниот тренер Али Мазхар.

Тој призна дека стигнал до 150 килограми и дека „не можел да оди ниту 30 метри“, но сега неговата трансформација на телото е фантастична.

„Работи напорно, играј напорно“, напиша Мидо на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

#workhardplayhard

A post shared by Mido (@ahmedhossammido) on

Scroll to Top