Top Sport

Миха: Кога ќе влезеше слободниот удар беше како оргазам

Српскиот тренер на Торино, Синиша Михајловиќ вели дека „дел од него умрел“ откако веќе не може да изведува слободни удари.

Слободните удари беа убедливо најдобриот дел од играта на Михајловиќ и тој вели дека тоа му недостига толку многу.

„Изведував слободни удари од моето детство, кога татко ми ми го даде првиот фудбал. Имавме една железна порта на ѕидот во семејниот дом и ќе станев во 7 часот наутро и ќе удирав цел ден. Кога ќе ја погодев портата како да постигнав гол. По два или три месеци, мојот татко мораше да ја смени портата бидејќи ја искршив, а соседите беа лути што не можеа да спијат. Играв фудбал за слободните удари, бидејќи другиот дел навистина не ми се доапаѓаше. Да не беа слободните удари можеби немаше ниту да играм. Веќе не можам да играм и да шутирам и дел од мене е умрен. Што би дал да бидам на место за удирање. Кога топката ќе влезеше во голот беше прекрасно, како оргазам“, вели Михајловиќ во интервју за францускиот весник „Л’Екип“.

Неговите слободни удари беа вистински ремек-дела (како што може да погледнете подолу во видеата), но вели дека не постоело наука.

„Физичарите од Универзитетот во Белград дојдоа на тренинг да ме гледаат и не сфаќаа како топката може да оди толку високо пред да падне така неочекувано, а во исто време да оди лево или десно. Единствено го измерија најбрзиот удар – 165 км/ч. Другите работи не ги разбиравме“, вели Михајловиќ.

48-годишниот Михајловиќ исто така го постигна славниот гол за Црвена звезда во полуфиналето од Европскиот куп против Баерн Минхен, според него, најважниот гол во кариерата.

„Кога застанав до топката се концентрирав. Се изолирав од сè, од стадионот, од трибините, од колегите, од важностас на мечот, од резултатот. Кога постигнував гол доаѓаше хистерија. Знаев што значи тој гол за Југославија во тие денови. Тоа беше најпрекрасното нешто, најважното нешто што сум го направил“, додава Михајловиќ.

Србинот го дели рекордот по бројот на голови во Серија А со Андреа Пирло – двајцата имаат по 28 гола.

„Единствено што никогаш не се обидов беше ‘маледетата’ на Пирло. Едноставно не го сфаќав тој слободен удар. Оди нагоре, потоа паѓа, навистина исклучителен удар кој никогаш не го направив, бидејќи веќе ја завршив кариерата кога се појави Андреа. Би сакал да го научам и да ми го објасни тоа“, завршува Михајловиќ.

Scroll to Top