Синиша Михајловиќ вели дека очекува еднаков меч помеѓу Болоња и Фиорентина, бидејќи двата клуба практикуваат се почесто „српски“ приод кон фудбалот.
„Мојот тим никогаш не се предава, целта е да се постигне еден гол повеќе од противникот. Дури и кога губиме со гол или два разлика, не престануваме со нашата игра. Вистина, примаме гол по првиот шут, но барем реагираме“, објаснува Михајловиќ како игра Болоња.
Фиорентина доаѓаат во мечот по шокантниот 3:0 триумф над Јувентус на гости.
„Очекувам еднаков натпревар. Ние, како и секогаш, ќе играме агресивно, а тие ќе се обидат да ги искористат своите најдобри играчи како Франк Рибери и Душан Влаховиќ. Сакам да посочам дека тие имаат двајца Срби во тимот и тоа е предност во однос на карактерот. Но, од друга страна, моите играчи стануваат повеќе како Срби. Се надевам дека бргу ќе обезбедиме опстанок, па ќе одиме на повисока цел“, додава тренерот.