Top Sport

Михајловиќ го напушта Спортинг?

Синиша Михајловиќ би можел експресно да го напушти Спортинг Лисабон, пренесуваат португалските медиуми.

На досегашниот претседател на клубот, Бруно де Карвалјо, му е изгласана недоверба, а новиот прв човек на Спортинг, Соуса Синтра, размислува да му се заблагодари на соработката на Михајловиќ.

Српскиот тренер, минатата недела потпиша договор со Сопртинг до 2021 година, а конечната одлука околу Михајловиќ ќе биде донесена откако ќе бидат прегледани условите под кои е потпишан договорот.

Португалските медиуми тврдат дека доколку биде раскинат договорот со Михајловиќ, дека нов тренер ќе биде директорот на фудбалскиот сектор, Аугусто Инасио.

Медиумите шпекулираат со две сценарија околу заминувањето на Михајловиќ. Поволната варијанта е опцијата тој да е тренер на пробна работа (во минатото таков беше случајот на Луиџи дел Нери во Порто), а неповолната е клубот да треба да му исплати голема сума на пари на српскиот тренер за тој да си замине.

Во Спортинг постои страв дека поранешниот претседател потпишал крајно штетен договор по клубот.

Scroll to Top