Синиша Михајловиќ објаснува дека се вратил на клупата на Болоња минатата сезона бидејќи му должел на клубот и не сака да остане должен и да не ја заврши работата која ја започнал и покрај неговата болест.
Болоња беше првиот клуб каде што Михајловиќ беше тренер во сезоната 2008/09, но беше отпуштен пред крајот на сезоната со клубот во борба за опстанок. Меѓутоа, тој се врати во јануари 2019 и ги предводеше Болоња до сигурен опстанок и покрај тоа што лани му беше дијагностицирана леукемија.
„Најголемото задоволство кое сум го имал со Болоња, засега, е тоа што ги оставив во Серија А. Во таа ситуација која бевме ниту најголемите оптимисти не мислеа дека е можен таков крај. Болоња беше првиот клуб кој ми даде шанса да бидам тренер и не сум го заборавил тоа. Серија А тим кој му даде доверба на човек кој само што престана да биде фудбалер. Затоа и се вратив тука. Не сакам да должам ништо и сакам да ја завршам мојата работа. Се вратив за навивачите. Секогаш сум имал убави спомени од градот и луѓето и кога ме повикаа не морав да размислувам многу“, вели Михајловиќ.