Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, побарал од клупските челници да му го донесат во тимот Марио Манџукиќ. Болоња мора да најде напаѓач откако на најмалку четири месеци остана без првиот напаѓач Федерико Сантандер
Манџукиќ нема клуб од јули, кога го раскина договорот со Ал-Духаил. Во преодниот рок, во последен момент тој се откажа од преселба во Локомотив Москва.
Поранешниот хрватски репрезентативец во кариерата бил играч на Марсонија, Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн, Атлетико и Јувентус.