Синиша Михајловиќ ќе стане почесен граѓанин на Болоња, соопштика градските челници. Михајловиќ е тренер на фудбалскиот клуб од овој град.
Михајловиќ во јули објави дека му била дијагностицирана леукемија. До пред две недели тој мина три циклуси на хемотерапија и му била пресадена коскена срцевина.
Викендов ток прв пат по хируршката интервенција го предводеше својот тим. Болоња на домашен терен загуби од Милан (2:3).
„Брат и син на Болоња. Градското собрание реши Михајловиќ да го прогласи за почесен граѓанин“, се наведува во соопштението на градските власти.
Михајловиќ на почетокот на годината стана тренер на Болоња и успеа со тимот да избори опстанок во Серија А.