Top Sport

Михајловиќ: Лукаку би можел да го сопрам само во боксерски ринг

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека не би бил способен да го сопре Ромелу Лукаку во неговите најдобри денови како фудбалер и дека единствен начин да се оствари тоа би бил во боксерскиот ринг.

Болоња гостува кај Интер на „Меаца“ во сабота, и Белгиецот Лукаку ќе биде најголема закана откако постигна 11 гола во 12 меча за „нераѕурите“ оваа сезона.

„Како фудбалер, не би можел да го сопрам, бидејќи е поголем, побрз и посилен од мене. Можеби би го сопрел во боксерски ринг, но на фудбалски терен каде што не се дозволени нелегални удари, не би знаел што да правам. Но, Болоња двапати победи на гости кај Интер, и како велат во Италија, нема два без три. Да видиме утре дали тоа е вистина или потврда на правилото“, вели Михајловиќ.

Scroll to Top