Синиша Михајловиќ рекол дека е разочаран од односот на претседателот на Торино, Урбано Каиро, бидејќи не го повикал лично за да му каже да е отпуштен.
Михајловиќ доби отказ по елиминацијата на Торино од италијанскиот Куп. Во четврт-финалето Јувентус го победи Торино со 2-0.
Веднаш по тој меч Торино го назначи Валтер Мацари за нов тренер.
„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот што ми даде можност да го трениерам Торино. Сепак разочаран сум што тој не ме побара и лично не ми соопшти дека сум отпуштен“, рекол Михајловиќ и дополнил.
„Потоа дојде нов тренер кој го изврши промени во тимот и формацијата и наредниот меч го доби со 3-0. Не ми преостанува ништо друго сем да се префрлам на бокс“.
Мацари на клупата на Торино дебитираше со победа над Болоња 3-0.