Top Sport

Михајловиќ: Не купив куќа во Болоња, мојата е во Рим!

Стратегот на калчолигашот Болоња, српскиот тренер Синиша Михајловиќ по мечот што неговиот тим го доби против Џенова имаше интересна прес-конференција за која на големо се зборува во Италија.

„Не купив куќа во Болоња, мојата е во Рим. Се шегувам, се разбира. Овие години поради мојата болест и поради короната не можевме да го правиме она што го сакавме. Одлучивме да го продолжам договорот и среќен сум што е на долги патеки. Но должината на договорот е според резултатите. Три меча во низа губиш и веќе ти се ниша столицата“ – рече Михајловиќ.

Тој бил многу задоволен од натпреварот на неговата екипа.

„Мислам дека не бевме лоши. Имавме добар став, но загубивме многу топки. Да имав кого на клупата, ќе го заменев Орсолини. Не сум задоволен од него. Би можел да стане фантастичен играч, ако се развиваше правилно“ – рече Михајловиќ.

Scroll to Top