Синиша Михајловиќ минатиот месец ја одбил понудата да биде селектор на Србија како замена за Љубиша Тумбаковиќ, бидејќи требал да ја дели работата со тренерската работа во Болоња.
Тој тврди дека од федерацијата на Србија му кажале дека тој е прв кандидат, иако се верува дека Драган Стојковиќ-Пикси е веќе „печен“ за таа работа.
„Би ми било убаво да се вратам во Србија, повторно да соработувам со одличните фудбалери кои ги имаме, меѓутоа, не сум подготвен да работам две работи. Само им кажав дека е несериозно да седам на две столчиња и се заблагодарив на понудата“, вели Михајловиќ за „Спортски журнал“.