Синиша Михајловиќ е подготвен да потпише нов тригодишен договор со Болоња, и покрај интересот од Рома, јавува „Скај спорт Италија“.
50-годишниот српски тренер беше донесен како замена за Филипо Инзаги на 28 јануари и успеа да помогне Болоња да се искачи од опасната зона за да заврши на 10. место минатата сезона по низата од седум победи едноподруго.
Србинот веќе беше поврзуван со испразнетите места во Јувентус (кои сепак, го чекаат Маурицио Сари) и Рома, но во италијанската престолнина тешко дека ќе биде добредојден поради неговата кариера со Лацио и бурните односи со навивачите на „волчицата“. Михајловиќ наводно ќе почека неколку дена пред да ја прифати понудата, но и да не прифати тригодишен договор, тој сигурно останува и следната година.