Екс-селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ би можел тренерската кариера наскоро да ја продолжи во Турција и тоа на кормилото на трофејниот Фенербахче.
Според турските медиуми, тој е еден од потенцијалните наследници на отпуштениот Филип Коку, кој мораше да замине од кормилото поради лошите резултати на екипата.
Михајловиќ во моментов е без ангажман по неславниот прекин на соработката со Спортинг од Лисабон.
Тимот во кој настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е моментно на 15. позиција на табелата во турското првенство, па следниот тренер кој ќе стапи на функцијата ќе има доста работа да ги поправи грешките од минатото.
За тренерското место освен името на Михајловиќ се шпекулира и со имињата на Арсен Венгер, Лоран Блан, Роберто Карлос, рускиот селектор Станислав Черчесов, но и Дејвид Мојс и Леонардо Жардим.