Top Sport

Михајловиќ со тужба против Спортинг

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ поднел тужба против Спортинг Лисабон, бидејќи клубот му врачи отказ по само неколку дена откако потпиша три годишен договор.

„Не можев ниту да помислам дека ќе бидам сменет пред почетокот на август. Поради тоа моите права ќе ги барам на суд. Прекршени се моите права. За 30 години како играч и тренер вакво нешто не сум доживеал. Знам кои се моите права и барам тие да бидат испочитувани“, рекол Михајловиќ.

„Имав долги преговори со Де Карвалјо. Разговаравме за трансфер стратегијата, бараа замени за играчите што сакаа да ги раскинат договороите…Во јуни бев во Лисабон за да ги договорам условите за мене и членовите на мојот стручен штаб и на 18.јуни потпишавме три годишен договор“.

Меѓутоа пресвртот се случи откако претседателот Де Карвалјо замина, а на неговото место дојде Соуса Синтра. Новиот претседател го раскина договорот со Михајловиќ и за тренер на Спортинг го назначи Жозе Переира.

„Сменет сум без причина, на неколку дена пред официјално да започне да тече соработката. Тврдеа дека не сум минал пробниот период што постоел во португалскиот правилник. Меѓутоа тоа не можат да го кажат бидејќи јас воопшто не бев во Лисабон, бев на одмор на Сардинија“, рекол Михајловиќ.

Синиша Михајловиќ во кариерата бил тренер на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино. Михајловиќ бил и селектор на Србија, а без работа е од јануари кога доби отказ во Торино.

Scroll to Top