Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ утре ќе ја има својата прва прес-конференција од летото, кога му беше дијагностицирана леукемија и кога почна со лекувањето.
Болоња има само една победа во последните 10 мечеви во Серија А, и поголеми делови од сезоната мораа да бидат без Михајловиќ, кој беше на три тури хемотерапија. Од клубот потврдија дека во 11 часот утре, српскиот тренер ќе има обраќање до јавноста заедно со лекарите од болницата „Сант’Орсола“, каде што оди на третман.
Михајловиќ беше пуштен од болница минатата недела по третата тура хемотерапија, а исто така беше и на пресадување на коскена срж.