Top Sport

Михајловиќ за Златан: Остануваме пријатели, не спојува словенскиот дух!

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ пред гостувањето на неговиот тим на „Сан Сиро“ кај Милан зборуваше за пријателството со шведскиот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ.

Пред Ибра да се врати во Милан, и Болоња беше тимот кој сакаше да го доведе во своите редови.

И сега италијанските медиуми го повторуваат нивното пријателство, па ако Златан го напушти Милан, можно е да се пресели во Болоња.

„Кога играв за Интер, а тој за Јувентус се боревме на теренот. Тогаш дојде во Милан и станавме пријатели поради заедничкото словенско потекло. Не знам што ќе се случи следната година, но нашето пријателство надвор од терените ќе продолжи. Се надевам дека барем малку ќе помисли на мене сиротиот“ рече српскиот стратег.

Михајловиќ неодамна ја победи леукемијата.

Дуелот меѓу Златан и Синиша е утре вечер.

Scroll to Top