Top Sport

Милан бара фудбалерите да се согласат на 20 отсто помала плата

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе побара од своите фудбалери да се согласат на намалување на платата за 20 отсто поради економската криза предизвикана од КОВИД-19, тврди италијанскиот весник „Ла република“.

Оваа вест доаѓа откако „росонерите“ имаа фантастична загуба од 195 милиони евра во сезоната 2019/20, и тие би биле прв клуб од Серија А кој ќе побара „солидарност“ од фудбалерите во новата сезона. Во март, Јувентус заштеди околу 90 милиони евра откако фудбалерите се согласија за намалување на платата.

Италијанската влада одби да ја помогне Серија А со бараните 600 милиони евра за да се надмине кризата, така што клубовите ќе мораат да бараат поинаков начин на финансирање.

Владата нема да ѝ помогне на Серија А, лигата се соочува со банкрот

Scroll to Top