Фудбалскиот клуб Милан, во средата, го одржа годишното собрание. На видео-конференцијата, на акционерите клубот објави дека минатата фискална година ја завршил со минус од 195.000.000 евра.
Исто така, на собранието, клупската легенда Франко Барези беше именуван за почесен потпретседател на клубот.
Милан одлично ја започна новата сезона, најпрвин избори пласман во фазата по групи во Лига Европа, а во Серија А е лидер на табелата. Во првите пет кола Милан забележа четири победи и едно реми.