Top Sport

Милан: Благодариме, Твитер, можеме да ги напишеме сите трофеи

Твитер денеска, конечно, ги смени правилата на користење и на своите корисници им даде повеќе место за изразување на мислењето. Италијанскиот гигант Милан, веднаш го искористи ова. Досега Твитер беше ограничен на 140 знаци, а отсега, ќе можете да имате двојно повеќе (280).

Од Милан велат дека ова е совршена можност, конечно, да ги набројат сите свои трофеи – седум од Лигата на шампионите, пет од УЕФА Суперкупот, два од Купот на победници на купови, три Интернационални купови, 18 титули од Серија А, едно Светско клупско првенство, 5 титули во Купот на Италија и седум во Суперкупот на Италија.

Scroll to Top