Тимот на Милан преку официјално соопштение потврди дека се разделува со својот технички спонзор „Адидас“ по соработка која трае 20 години, и од следната сезона ќе соработува со „братската“ ривалска фирма „Пума“.
„Адидас“ беше спонзор на Милан од 1998 година, од времето кога Алберто Закерони беше лидер на „росонерите“, а претходно имаше соработка и во ерата на Ривера и Барези.
#ACMilan has mutually agreed with @adidasfootball to prematurely terminate their technical sponsorship deal.https://t.co/evEgkdAyPT
— AC Milan (@acmilan) October 24, 2017
Милан никогаш немал договор со „Пума“, компанија која во моментов работи со Борусија Дортмунд, Арсенал, Бордо, Њукасл и Рен. Иако сумите не се откриваат се верува дека се работи за 10 до 15 милиони евра годишно.
„Адидас“ и „Пума“ се братски фирми бидејќи се формирани од двајцата германски браќа Ади и Руди Даслер. Тие започнаа со бизнис од малото градче Херцогенаурах во Баварија во близината на Минхен.
Рудолф прв ја формираше „Пума“ во 1948 година, пред Адолф во 1949 година да одговори со „Адидас“, по што почнаа караниците. „Адидас“ е историски поврзан со германската фудбалска репрезентација, меѓутоа „Пума“ го имаше најголемиот – Пеле!