Top Sport

Милан доби моќен спонзор

Најголемата обложувалница во Азија „VWin“, денес потпиша повеќегодишен договор со фудбалскиот клуб Милан.

Како што се наведува во соопштението обложувалницата ќе му биде регионален партнер на Милан и ќе сроведува маркетинг кампањи во Азија.

„Возбудени сме бидејќи ќе соработуваме со Милан. Очекувам капмањата да биде успешна за двете страни. Со нетрпение чекаме да видиме што ќе донесе иднината“, рекол оперативниот директор на оваа компанија.

„VWin“ е првата компанија која стана регионален партнер на Милан во Азија, што преставува прв чекор во развојот на стратегијата за освојување на пазарот на овој континент.

Scroll to Top