Top Sport

Милан донесе млад стопер од Лион

Францускиот фудбалер Пјер Калулу (20) е нов играч на Милан, соопштија од клубот. Талентираниот млад стопер доаѓа на „Сан Сиро“ од екипата на Лион, а сезонава со францускиот тим играше во Лига на шампиони за младинци.

Договорот на младиот играч е до 2025 година.

„Милан соопштува дека младиот дефанзивец Пјер Калулу е нов играч на нашиот клуб. Договорот е потпишан до јуни 2025“ стои на официјалниот сајт на „Росонерите“.

И Французинот со кратка изјава по претставувањето.

„Го избрав Милан затоа што покажа големо интересирање за мене. Беа многу упорни во желбата да ме доведат“ – рече Калулу.

Scroll to Top