Top Sport

Милан ги одбиле Галатасарај за Чалханоглу

Според италијанските медиуми, Милан ја отфрлиле првата понуда на Галатасарај за турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од 6 милиони евра, но турскиот шампион не е подготвен да се откаже од обидот да го врати во Турција.

Според турскиот „Фанатик“, Галатасарај подолго време имаат „фрлено око“ на Чалханоглу, но нивната понуда од 6 милиони евра била отфрлена од директорите на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан, кои сакаат да вратат повеќе од 22-те милиони евра кои ги платија за неговиот трансфер од Баер Леверкузен во 2017 година.

Од друга страна, дел од управата на Милан верува дека не може да се извлече повеќе од Турчинот, кој не успеа да ги придобие фановите на „Сан Сиро“ поради непостојаните игри.

Scroll to Top