Top Sport

Милан ги одбиле Манџукиќ и Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ и Марио Манџукиќ, преку менаџери, им биле понудени на Милан, обајавија италијанските медиуми. Челниците на клубот ги одбиле бдејќи не сакале искусни играчи во тимот.

Медиумите шпекулираат дека генералниот директор Иван Газдис немал намера да им дава големи плати на фудбалери што се на залезот на кариерите.

Во Милан се надеваат дека во јануарскиот преоден рок ќе можат да еден од двајцата млади дефанзивци на Јувентус, Даниеле Ругани или Мерих Демирел.

Милан во моментов се наоѓаат на 11 место на табелата во Серија А со четири победи, едно реми и дури шест порази.

Scroll to Top