Top Sport

Милан ги потврдија Дест и Вранкс

Милан официјално комплетираа два трансфери во последниот ден од преодниот рок, носејќи го Астер Вранкс од Волсбург и Сержињо Дест од Барселона – двајцата на позајмица со опција за купување.

Вранкс е 19-годишен фудбалер од средниот ред кој игра на белгиската репрезентација до У-21 години, и за него „росонерите“ ќе платат 2 милиони евра со опција да го купата за 12 милиони евра. 21-годишниот американски репрезетнатаивец Дест, пак, доаѓа со опција за купување за 20 милиони евра.

Десниот бек Дест треба да биде замена за повредениот Алесандро Флоренци, и тој беше поврзуван со трансфери во Вилјареал и Манчестер јунајтед ова лето.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');