Милан потврдија дека португалскиот дефанзивец Диого Далот пристигнува на едногодишна позајмица од Манчестер јунајтед, неколку дена откако „ѓаволите“ го пратија и Бразилецот Андреас Переира на позајмица во Лацио.
21-годишниот Далот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2018 за 19 милиони фунти од Порто и имаше 16 настапи во Премиер лигата во првата сезона со клубот, меѓутоа потоа ја имаше повреда и остана трет избор на позицијата зад Лук Шо и Брендон Вилијамс под Оле Гунар Солскјер.