Top Sport

Милан им го „краде“ Тонали на градските ривали?

И покрај тоа што се сметаше дека Сандро Тонали веќе е нов играч на Интер, претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека Милан се обидуваат да понудат подобри услови за фудбалерот кој многумина го сметаат како „нов Андреа Пирло“.

Повеќе месеци се веруваше дека 20-годишниот италијански репрезенатитивец е пред договор со „нераѕурите“ за околу 25 милиони евра, но последните два дена, Милан влегле во преговори со Бреша и со младиот фудбалер од средниот ред.

Челино за „Скај спорт Италија“ изјавил дека Милан преговараат за Тонали, кој сигурно би добил повеќе време на теренот кај „росонерите“, а во исто време младиот фудбалер јавно призна дека секогаш навивал за Милан.

Scroll to Top